Cihan Demirci
11 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
ЕДЕРНЕ (АА) - Во западниот турски град Едрене се фатени најмалку 534 непријавени мигранти, а станува збор за група која се обидела илегално да ја напушти земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на граничната полиција и жандармерија патролираа низ турскиот град Едрене и забележаа група која илегално се обидела да ја напушти земјата на локациите Ипсала, Мерич и Узункорпу.
За време на интервенциите се фатени најмалку 534 лица, а при контролата е утврдено дека станува збор за државјани на Авганистан, Пакистан, Бангладеш, Иран, Ирак, Мароко, Непал, Алжир, Сомалија, Либија, Тунис, Еритреја, Египет и Сирија.
Странците се предадени на надлежната Дирекција за управување со миграции.