Nurettin Coşkun
11 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Израел е охрабрен од молкот на меѓународната заедница и бомбардира хуманитарни организации и медиумиски куќи, и дека на Израел непријател му е оној кој информира за нивните валкани потези, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган имаше свое обраќање на ифтарот организиран од страна на фондацијата „Единство" во Истанбул, во кое се осврна и на израелскиот напад врз зградата во која се наоѓа канцеларијата на Anadolu Agency во Газа.
Турскиот претседател нагласи дека Израел е охрабрен од молкот на меѓународната заедница и бомбардира хуманитарни организации и медиумиски куќи.
„Ја бомбардираа и нашата Anadolu Agency бидејќи таа светот го информира за израелските валкани работи. Кој и да известува за нивните валкани работи тој за нив е непријател", рече Ердоган.
„Турција не е колонија и мандатна територија на никого“, рече Ердоган, и додаде:
„Не можат да ни држат лекција оние кои во своите територии ги пречекуваат пучистите убијци. Земјите од западот не го положија испитот на искреноста во врска со тоа да изберат меѓу нивните интереси и основни човечки вредности, и нивниот избор беше како секогаш, и тоа да инвестираат или во доларот или во нафтата“.
Според него, не треба да дозволат различните мислења да дојдат пред пријателството на каузата.
„Целта на тие кои ја таргетираат нашата земја преку одлуката на Високиот изборен совет (YSK), е минирање на 17- годишните придобивки на нашиот народ и поткопување на турската демократија“, нагласи Ердоган.