Veysel Kara
11 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
БАЈБУРТ (AA) - Потрагата по новинарот на Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Нишанџи, кој во петокот падна во провалија во текот на следење на работите на патот помеѓу турските градови Бајбурт и Трабзон, продолжува. Планинарите кои се вклучени во акцијата го пронајдоа фотоапаратот и стативот на Нишанџи.
Абдулкадир Нишанџи во петокот падна за време на следење на работите на патот на планината Соганли. Синоќа привремено е запрена потрагата, а денес во неа се вклучени 110 припадници на Агенцијата за управување со кризи на Република Турција (AFAD), на Генералната дирекција за итни здравствени услуги (UMKE), жандармеријата и медицинските екипи.
Нишанџи беше на новинарска задача на планината Соганли, висока 3.500 метри, каде што ги следеше работите на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон. Планинарите неговиот апарат и статив ги пронајдоа на околу 60 метри под местото од кое паднал.
Во обид да забележи фотографија, Нишанџи застанал на парче снежна маса кое се скршило, при што паднал во провалија.