Veysel Kara
11 Мај 2019•Ажурирај: 11 Мај 2019
БАЈБУРТ (АА) - Продолжена е потрагата по новинарот на Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Нишанџи, кој вчера падна во провалија за време на следењето на изградбата на патот на планината Соганли, кој ги поврзува црноморските турски градови Бајбурт и Трабзон, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа привремено беше запрена потрагата по Нишанџи во која вчера учествуваа околу 100 лица, припадници на Агенцијата за управување со кризи на Република Турција (AFAD), на Генералната дирекција за итни здравствени услуги (UMKE), жандармеријата и медицинските екипи.
Нишанџи беше на новинарска задача на планината Соганли, висока 3.500 метри, каде што ја следел изградбата на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон.
Во обид да направи фотографија, Нишанџи застанал на парче снежна маса кое се скршило, при што паднал во провалија.