Esat Fırat,Mustafa Deveci
08 Мај 2021•Ажурирај: 09 Мај 2021
КУДС
Во нападите на израелската полиција во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим) повреден е уредникот на Агенција Анадолија (АА) за вести од Блискиот Исток Тургут Алп Бојраз и фоторепортерот Мустафа Алкхаруф.
Бојраз, кој ги следеше настаните во Ал Акса, погоден е во нога со гумен куршум кој го користеше израелската полиција. Доби полесна телесна повреда.
Со гумен куршум во грб е повреден и фоторепортерот на АА Мустафа Алкхаруф.
И понатаму траат настаните во и околу Ал Акса.
Израелската полиција продолжува со нападите на верниците кои вечерва беа во Ал Акса која за муслиманите претставува трето најважно светилиште. Нападот е изведен во текот на молитвата на муслиманите.
Додека израелската полиција интервенираше со гумени куршуми и чадни бомби, Палестинците одговорија со камења и стаклени боци.
За муслиманите Ал-Акса претставува трето најважно светилиште, а Евреите сметаат дека на тоа место некогаш постоеле два еврејски храмови.
Комплексот Ал-Акса кој се простира на 15 отсто површина на старото јадро на Ал-Кудс се наоѓа под израелска окупација, а претставува точка на спојување на три најголеми религии на светот.
По Месџидул-харем во Мека и Џамијата на божјиот пратеник Мухамед во Медина, Ал-Акса е трето по важност место за муслиманите.