Sinan Uslu
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Новинар на Andolu Agency (АА), Сарп Озер e повреден во ракетен и минофрлачки напад за време на операцијата во регионот Африн во Сирија.
Новинарот на АА, Озер, беше погоден во ракетни и минофрлачки напади извршени од терористи, за време кога ја следеше операцијата „Маслинова гранка“ која ја спроведуваат Турските вооружени сили, а која започна на 20 јануари ,со цел неутрализација на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во сирискиот пограничен регион Африн.
Ракетата исфрлена од положбите на терористите од Африн падна недалеку од точката каде новинарот Озер се наоѓаше и ранет е во пределот на ногата и раката.
По укажаната прва помош, Озер е префрлен од регионот во државна болница во Кирикхан. Озер е надвор од животна опасност.