Sena Güler,Erdoğan Çağatay Zontur,Büşra Nur Bilgiç
11 Мај 2019•Ажурирај: 11 Мај 2019
АНКАРА (AA) - Ние сме членка на НАТО. Ако е така, тогаш не можеме да дозволиме други членки да бидат неправедни кон нас, изјави во Анкара претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсети и дека Турција е земја која примила најголем број бегалци.
„Сакаме да ги унапредиме нашите односи со нашите сојузници на начин кој е соодветен на духот на сојузништвото. Ние сме членка на НАТО. Ако е така, тогаш не можеме да дозволиме други членки да бидат неправедни кон нас", порача Ердоган.
Тој се оствна и на членството во ЕУ.
„Членството во ЕУ е стратешка цел на надворешната политика на Турција, но ЕУ се обидува да нѐ измами", истакна Ердоган.
Турскиот претседател ги повика сите земји да бидат посензибилни кон Палестина и Ерусалим (Кудс) и да преземат поефективни мерки.
Ердоган рече и дека ТУрција многу претрпела поради тероризмот и дека има значително искуство во борбата против тоа.
„Од тие причини, покажуваме големи напори да го мобилизираме светот во борбата против тероризмот и радикализацијата, што е неразделив дел од тероризмот", нагласи турскиот претседател.
Повикувајќи се на двојни стандарди во борбата против тероризмот и растечките екстремички движења, Ердоган истакна дека терористичката група ПКК/ЈПГ се толерира и се „поддржува" ширум Европа.
„Десетици илјади камиони со оружје, возила и опрема бесплатно се доставуваат на терористичките групи во северна Сирија, ние се бориме против нив", рече Ердоган.
Ердоган рече дека Анкара наскоро ќе ги исчисти од терористите границите на Сирија со Турција, со што ќе се создадат услови околу 4 милиони Сиријци да се вратат во своите домови.