Hakan Burak Altunöz
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
БАЈБУРТ (АА) - Потрагата по новинарот на Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Нишанџи, кој во петокот падна во провалија за време на следење на работите на патот меѓу турските градови Бајбурт и Трабзон, продолжува и денеска.
Голем број припадници на Кабинетот за вонредни ситуации, безбедносните сили на Турција, итната помош и други, кои во текот на изминатите денови интензивно трагаа по новинарот на АА, од утринските часови повторно се на терен и ги пребаруваат подрачјата во Трабзон и Бајбурт.
На терен се тимовите од Бајбурт, Трабзон, Ризе, Ерзурум, Ѓумушане, Истанбул и Анкара, а меѓу нив се наоѓаат и нуркачи.
Екипите денеска ќе преземат активности за да се намали количеството вода на подрачјето оддалечено километар од местото каде што паднал.
Зголемените температури на воздухот доведоа и до зголемување на нивото на водата, и екипите ги разгледаа сите можности за дејствување на терен.
Нишанџи беше на новинарска задача на планината Соганли, висока 3.500 метри, каде што ги следеше работите на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон. Планинарите неговиот апарат и статив ги пронајдоа на околу 60 метри под местото од кое паднал.
Во обид да забележи фотографија, Нишанџи застанал на парче снежна маса кое се скршило, при што паднал во провалија.