Faruk Zorlu
17 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
СИРТ (АА) - „Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во турската југоисточна област Сирт“, објави турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Операцијата против терористичката организација ја започнаа жандармериските сили во руралното подрачје на Ерух“, се вели во соопштението на Министерството.
Операциите во регионот сѐ уште се во тек.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и многу жени и деца.