Erdoğan Çağatay Zontur
17 Мај 2019•Ажурирај: 18 Мај 2019
ИСТАНБУЛ/БУРСА (АА) - Турските обвинители издадоа налог за приведување на 97 лица за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, група којашто стои зад обидот за државен удар во 2016 година во Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обвинителството во Истанбул издаде налози за 48 осомничени, како дел од истрагата за тајната мрежа на организацијата во Турските вооружени сили“, истакнаа извори кои побараа да не бидат именувани.
И Обвинителството во Бурса издаде налози за 49 осомничени лица, меѓу кои 25 се активен воен персонал.
Полицијата спроведе паралелни операции во 26 турски области, со цел приведување на осомничените.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзини припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.