Sayed Khodaberdi Sadat
03 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - Во Кабул, главниот град на Авганистан, извршен е самоубиствен напад со возило-бомба врз конвој на НАТО. Во нападот загинаа 8 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, за АА изјави дека напаѓач со возило-бомба го активирал експлозивот во близина на амбасадата на САД, откако се доближил до конвојот што превезувал американски војници.
Даниш соопшти дека во нападот животот го загубиле 8 лица, додека 25 лица се ранети.
Портпаролот истакна дека едно возило од конвојот е делумно уништено, а меѓу американските војници нема загуби.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.