İlhan Toprak
05 Ноември 2016•Ажурирано: 06 Ноември 2016
АНКАРА (AA) - Најмалку осум припадници на терористичката организација ДЕАШ се неутрализирани во текот на последните пет напади на воздушните коалициски сили во рамките на акцијата „Штитот на Еуфрат", во регионите Шудуд и Булајках, јавуваAnadolu Agency (AA).
Офанзивата „Штитот на Еуфрат" покрената е на 24 август на северот на Сирија поради неутрализација на терористичките закани со акцент на ДЕАШ и јакнењето на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас, а Генералштабот на турската војска соопшти дека во изминатите 24 часа, 74. ден од офанзивата, продолжија ударите на терористичките упоришта.
Коалициските сили изведоа пет воздушни напади на регионите Шудуд и Булајках, а во таа прилика неутрализирани се најмалку осум припадници на ДЕАШ.
Исто така, во текот на воздушните напади бомбардирани се вкупно 71 бројни стамбени објекти кои се користени како засолниште или складиште за муниција, како и бројни оклопни возила.