Mehmet Kadir Kılınç
21 Јули 2026•Ажурирано: 21 Јули 2026
Турската фондација од Истанбул „Сабри Улкер“ започна долгорочно истражувачко партнерство за унапредување на студиите за детско здравје и обука на млади научници, јавува Анадолу.
Четиригодишната програма, подготвена со британскиот универзитет „Њукасл“ и универзитетот „Хаџетепе“, во турската престолнина Анкара, ќе поддржи тројца докторски истражувачи и ќе направи компаративни студии во Турција и Велика Британија за исхраната, физичката активност, метаболичното здравје, когнитивните перформанси и менталната благосостојба кај децата на училишна возраст.
Ќе вклучува и размена на истражувачи, заеднички програми за обука и годишни научни симпозиуми што наизменично ќе се одржуваат во двете земји.
„Ова партнерство ќе создаде одржлив научен екосистем во кој истражувачи од различни земји ќе работат заедно, продуцираат знаење, споделуваат искуства и обучуваат истражувачи-лидери на иднината“, рече Јахја Улкер, претседател на фондацијата.
Бернард Корфе од „Њукасл“, професор по исхрана и здравје, рече дека за глобалните здравствени предизвици потребни се меѓународни и интердисциплинарни научни партнерства.