Mohammad Sio
21 Јули 2026•Ажурирано: 21 Јули 2026
Јорданската армија денес соопшти дека противвоздушната одбрана соборила три ирански ракети во нов напад насочен кон кралството, пренесува Анадолу.
Официјалната новинска агенција „Петра“, повикувајќи се на воен извор, објави дека денес биле пресретнати ракети.
Изворoт наведува дека пресретнувањето не предизвикало ни жртви ни материјална штета.
Претходно денес јорданската армија соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала и неутрализирала пет беспилотни летала лансирани од Иран во текот на ноќта и претпладнето. Не беа пријавени ни жртви ни штета.
Најновите пресретнувања следуваа откако Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран тврдеше дека со балистички ракети го нападнал комплексот во кој се сместени американските сили во јорданската област Ал-Рукбан. Јорданските власти не го потврдија иранското тврдење.
Соединетите Американски Држави ги ескалираа нападите врз Иран од минатата недела, при што Иран возврати со напади насочени кон капацитетите и базите за кои тврди дека се користат од американската армија во неколку регионални земји.
Размената на оган меѓу САД и Иран се случи и покрај меморандумот за разбирање посредуван од Пакистан, кој го потпишаа во јуни за да стават крај на војната и да постигнат траен мировен договор.