Berk Kutay Gökmen
21 Јули 2026•Ажурирано: 21 Јули 2026
САД се соочуваат со растечки оперативни ограничувања во својата воена кампања против Иран поради намалувањето на ресурсите на муниција за противвоздушна одбрана и муниција со долг дострел, објави „Вашингтон пост“, цитирајќи американски претставници, пренесува Анадолу.
„Немаме доволно за безбедно одржување на операциите и сметам дека Белата куќа не е свесна за тоа“, рече американски претставник под услов на анонимност.
Веста е објавена по ескалацијата на регионалните тензии од минатата недела со нападите меѓу САД и Иран. Ескалацијата се случува и покрај рамковниот договор, постигнат со посредство на Пакистан, потпишан во јуни за ставање крај на војната и постигнување траен мировен договор.
„САД планираат поопсежна војна“, рече претставникот и предупреди дека проширувањето на американските операции ќе биде ограничено со намалувањето на резервите на муниција за противвоздушна одбрана и муниција со долг дострел, како и ограничувањата во можноста за испраќање повеќе војници и авиони во подрачјето поради штетата од нападите.
Воениот аналитичар Сет Џонс од Центарот за стратегиски и меѓународни студии со седиште во Вашингтон предупреди на распоредувањето американски копнени сили, велејќи дека тие не се подготвени за иранските напади.
„Мислам дека би било грешка да се распоредат копнени сили каде било на островите во теснецот или на брегот“, рече Џонс, мислејќи на Ормускиот Теснец, главна бродска артерија што беше предмет на спор во конфликтот.
„Не мислам дека американските сили се подготвени за напади од страна на Иранците.“