Ekipa
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку осум лица загинаа во самоубиствен напад на талибанците во јужниот дел на провинцијата Хелманд, соопштија полициски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нападот беше насочен кон собирот на локалните старешини во главниот град на провинцијата Лашкар“, изјави за АА претставникот на полицијата Гулај Кан.
Талибанците соопштија дека повеќе од 20 лица се убиени во нападот, вклучувајќи и припадници на безбедносните сили.
Во неделата, најмалку четворица полициски службеници загинаа, а петмина беа ранети во експлозија во близина на џамија во североисточниот дел на провинцијата Бадакшан. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.
Хелманд е една од најнестабилните провинции во Авганистан. Илјадници цивили ја напуштија провинцијата во последниве неколку месеци, како резултат на намалувањето на безбедноста.