Sayed Khodaberdi Sadat
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 100 лица загинаа во вчерашниоот воздушен напад кој авганистанските безбедносни сили го извршија во северната провинција Кундуз, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на округот во местото Дашт-е-Арчи, Насрудин Сади, изјави дека авганистанските воздухопловни сили ја погодиле зградата на медресата во тоа место и дека во нападот загинале најмалку 100 луѓе, меѓу кои и цивили.
Истиот извор вели дека во нападот има најмалку 50 повредени лица, меѓу кои поголемиот број се животно загрозени, па се стравува дека билансот на загинати може да порасне.
Сади истакна дека нападот се случил во моментите на одбележување на свечената промоција на матурантите во локалната медреса.
Истакнувајќи дека на церемонијата присуствувале некои од лидерите на талибанското движење, Сади рече дека и тие се меѓу настраданите.
Очевидецот Хаџи Наби за новинарите изјави дека нападот врз медресата бил извршен во време кога над 500 луѓе присуствуваа на свечената промоција на матурантите, и дека загинале најмалку 50 луѓе.
Портпаролот на полициската управа во Кундуз, Енамудин Рахмани, претходно соопшти дека во нападот загинале најмалку 25 милитанти, а дека целта на нападот бил состанокот на лидерите на талибанското движење, што се одржувал во зградата на медресата во градчето Дашт-е-Арчи.