İsmail Çimen
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - На средбата на пратеничката група на АК Партијата, нејзиниот претседател и турски премиер, Бинали Јилдирим изјави: „Со уставните измени што ќе ги направиме, ќе му го зададеме последниот удар на туторството и него ќе го отстраниме од дневниот ред на демократијата во Турција“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Лидерот на главната опозициска партија најде илјада оправдувања за да го напушти духот на единството од Јеникапи“, изјави премиерот Јилдирим. „По тоа прашање им се заблагодарувам на МХП (Партијата за национално движење), кои продолжија со истиот став што го имаа тој ден пред Јеникапи. Му се заблагодарувам на почитуваниот Бахчели за демонстрирањето одговорност по тоа прашање, ставајќи ги во преден план интересите на нацијата и на државата“, рече премиерот Јилдирим.
„Дојдовме до крајот на уставните измени. Се надевам дека ќе бидат усвоени во Парламентот. Земајќи ја предвид чуствителноста на МХП, ги привршивме подготовките. Преостанатото е работа на Парламентот“, изјави Јилдирим во врска со уставните измени.
- „Црвената линија ја повлекува народот“ -
Во врска со истрагата поведена против Главниот и одговорен уредник на весникот „Џумхуријет“ и неговите новинари, премиерот Јилдирим изјави: „Едно лице од Европскиот парламент ни рече: ‘Приведувањата поврзани со овој весник, ние ги подвлековме со црвено...’ Пријателе, твојата црвена линија нас не нѐ интересира. Црвената линија кај нас ја повлекува народот. Која е валидноста на твојата линија? Преку твојата линија, и ние ќе повлечеме една линија. Оставете ги овие работи“.
- Прашање за смртната казна -
„Смртната казна е уставно прашање и потребно е усогласување со Уставот. Доколку со останатите политички партии се постигне договор за желбата на народот, тогаш можно е да се донесе ограничена регулатива. Ќе го земеме предвид размислувањето на почитуваниот Бахчели и ние ќе го дадеме нашиот предлог за измена на Уставот“, рече премиерот на Турција, Јилдирим, по прашањето за смртна казна.