Berin Alpaslan Gökçe
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска во Истанбул изјави дека антитерористичките операции ќе продолжат додека целосно не се обезбедат турските граници, како и животот и имотот на граѓаните на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се додека не бидат сигурни нашите граници, како и животите и имотот на нашите граѓани, операциите ќе продолжат. Ние никогаш нема да дозволиме да се формира терористичка зона на југот од нашите граници", рече Јилдирим.