Fatma Esma Arslan
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - По започнувањето на операцијата ‘Маслинова гранка’ од страна на Турските вооружени сили, терористичката организација ПЈД/ПКК почна да спроведува лажна кампања на оцрнување на операцијата, користејќи фотографии од други локации и настани. Последен таков случај е постот на социјалните мрежи во кој е даден пад на запален авион, запален тенк и приведени затвореници кои им припаѓаат на настани кои се случиле порано, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили, кои во северозападниот дел на Сирија, во подрачјето на Африн спроведуваат операција насочена кон ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, уште еднаш докажаа дека се невистинити трите фотографии за кои се тврдеше дека им припаѓаат на единиците на ТСК.
На социјалните мрежи беше споделена фотографија за која се тврдеше дека претставува ‘турски авион соборен во Африн од страна на ЈПГ’. Се докажа дека фотографијата прикажува авион за акробатика кој на 16 март 2015 година падна во Малезија.
‘Нападнат тенк на ТСК’ е втората фотографија постирана на социјалните мрежи. Се докажа дека фотографијата на тенк во пламен е снимена на 29 март 2011 година во Либија.

‘Приведени турски фојници во Африн’ е третата фотографија споделена на социјалните мрежи со тврдење дека е од настаните во Африн. Се докажа дека фотографијата ги покажува приведените војници кои на 15 јули 2016 година учествуваа во обидот за државен удар во Турција.

Кампањата на оцрнување на операцијата ‘Маслинова гранка’ на ТСК влезе во ќорсокак откако се докажа дека во оваа кампања се користат фотографии кои им припаѓаат на други настани од минатото.
Интересно е што во оваа кампања на оцрнување на ТСК, користејќи фотографии по случаен избор од интернет, беше користена и првонаградената фотографија на натпреварот İstanbul Photo Awards 2016, организиран од Anadolu Agency.