Berin Alpaslan Gökçe
27 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска запраша во Истанбул, што тоа се очекува Турција да направи, додека граѓаните на оваа земја гинат за време на молитва во џамија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган им се обрати на собраните граѓани во Истанбул на церемонијата по повод отворањето на тунелот помеѓу истанбулските населби Касимпаша-Хаској. Во таа прилика, Ердоган се осврна на сегашните настани, а фокусот беше ставен на борбата против тероризмот.
„Додека од другата страна на нашата граница се изведуваат илјадници напади од бомби и ракети, додека нашите граѓани гинат и ги рануваат во џамии, куќи, продавници и на улица, што всушносточекувате од нас да направиме? Тоа е ПЈД, ЈПГ и ДЕАШ. Ова се безбожни терористички организации. Како ќе го објасните тоа што нашите граѓани гинат за време на молитва, молејќи се во џамија?", запраша Ердоган.
Тој посочи дека целиот свет сфати дека Кандил е шеф на терористите во Сирија.
Иако целиот свет сфати дека Кандил е шеф на терористичката организација во Сирија, еден од нашите сојузници не го прифати тоа. Но, не заборавајте дека е невозможно да со негирање да се тргне вистината", рече Ердоган.
Тој подвлече дека неговата земја нема да толерира никаков напад врз независноста и иднина.
„На оние кои ни даваат рака на пријателство, ќе им вратиме со иста мерка. Оние што од нас бараат да им помогнеме, ќе поделиме парче леб. Но нема да толерираме никој кој нè напаѓа и ја загрозува нашата независност и иднината. Без оглед како се вика таа терористичката организација, ФЕТО, ДЕАШ, ПKK, ПЈД или ЈПГ. Секоја од нив, со Божја помош ќе ја поразиме", рече Ердоган.
На свеченоста присуствуваше турскиот премиер Бинали Јилдирим, а тој во својот говор рече дека антитерористичките операции ќе продолжат додека целосно не се обезбедат турските граници, како и животот и имотот на граѓаните на земјата.
„Се додека не бидат сигурни нашите граници, како и животите и имотот на нашите граѓани, операциите ќе продолжат. Ние никогаш нема да дозволиме да се формира терористичка зона на југот од нашите граници", рече Јилдирим.