ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим изјави дека целта на операцијата Маслинова гранка е терористичките групи кои постојат во Африн повеќе „да не претставуваат закана за недолжните луѓе, за нашата територија и за нашата земја", јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим синоќа учествуваше на активноста „Разговорите на Бејоглу", при што одговарајќи на поставените прашања, изјави: „Африн е нашата цел, сакаме го отстраниме проблемот кој е присутен таму, вооружените групи кои постојат на тој простор повеќе да не претставуваат закана за недолжните луѓе, за нашата територија и за нашата земја. Околу 350.000 луѓе од Африн се населија во Турција. Нашата цел е многу отворена и јасна, откако ќе ги отстраните терористите од таму, овие луѓе ќе се вратат во своите домови."
На прашањето: „Што е предуслов за директна средба со Асад? Возможно ли е такво нешто?”, премиерот Јилдирим одговори:
„Ние немаме директен контакт со Асад. И во случајот со Африн, контактите беа преку Русија и се воспоставија на многу пониско ниво. Се разбира, минаа 7 години, уби најмалку 800.000 лица, а повеќе од 10 милиони луѓе протера од своите домови. Кога пред вас имате таков преглет, ќе се согласите со мене дека тоа не може така лесно да се заборави. Но до точката до која дојдовме, сепак режимот е присутен и тој е постоечна реалност... Доколку одиме во изнаоѓање на решение за Сирија, игнорирајќи го притоа режимот, тогаш хаосот ќе продолжи уште долги години. Затоа, се разбира дека и режимот ќе биде застапен во изнаоѓањето на решението, но и сите етнички групи ќе бидат дел од решението. Кој нема да биде дел од тоа? Оние кои земаа оружје во рацете, кои беа дел од терористичките активности, масакрираа недолжно цивилно население. Тие не можат да бидат дел од средбата и масата на која се изнаоѓа решение за Сирија. Тоа е нашиот услов, тоа го бараме уште од самиот почеток”.
- „Курдите имаат проблем наречен ПКК"
Турскиот премиер зборувајќи за етничката структура, истакна дека во АК партијата има најголем број пратеници кои се Курди по потекло и додаде: „Курдите имаат еден проблем наречен ПКК. Ние немаме никаков проблем со нашите браќа Курди. Нашиот проблем ги прогонува и нашите браќа Курди, и нашите браќа Турци, тоа е подлата сепаратистичка терористичка организација која без да и трепне окото, убива цивили. Наша следна цел е отстранување на оваа подла организација која се обидува да ни ги влоши нашите односи со Курдите. Срамнија со земја 3 наши области и 9 подрачја. За да не дојде до цивилни жртви, таму загубивме многу припадници на полицијата, војската и жандармеријата.”
Јилдирим истакна дека на територијата погодена од тероризам, без да се прави било каков компромис, изградени се 30.000 нови станови, покажувајќи го стремежот на владата дека не го занемарува источниот и југоисточниот дел на Турција, туку напротив, дека прави многу големи инвестиции во регионот.
„За ПКК нема проблем Курди. Курдите имаат проблем наречен ПКК. Кавкасците, Курдите и Черкезите и сите останати имаат подеднакви права на територијата на Турција”, рече Јилдирим.
Додавајќи дека ќе биде обезбедена нормализација на животот на линијата Азаз - Џарабулус, Јилдирим истакна:
„Постои уште еден резултат којшто ќе се роди од тука. Ќе се сетите дека пред неколку дена изјавија дека ‘на јужната граница на Турција е формирана војска од 30.000 војници’. Што значи тоа? Јужната граница на Турција е граница на НАТО. Воочувајќи ја заканата за границите на НАТО, не ја рабирам изјавата за формирањето на војска од страна на една НАТО членка. Ова отворено покажува дека постои непријателство. Едно зло се обидува преку нашите јужни граници да формира коридор до Медитеранското Море, што не е ништо друго туку напори за формирање на една терористичка држава. Тоа многу отворено може да се забележи. Турција тaa скандалозност, таа рамнодушност нема да ја дозволи, кој и да стои зад тоа и каква и да е неговата моќ. Турција нема да го дозоли тоа. Оваа земја е наша земја. Никој нема право да премине илјадници километри и да дојде тука да ни ја дизајнира околината, и да кажува како треба да се одвиваат нештата. Повеќе ова не е подрачјето од пред 100 години. Сѐ сe смени. Затоа, под претседателство на нашиот претседател, нашиот командант Реџеп Таип Ердоган, ќе продолжиме да ги спроведуваме сите наши обврски за безбедноста во земјата, обезбедување на мир и братсво на нашите државјани и иднината на нашите соседи”.
news_share_descriptionsubscription_contact
