Kübra Chohan
27 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на претседателот на Турција Ибрахим Калин и советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Херберт Рејмонд Мекмастер синоќа имаа телефонски разговор за ситуацијата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на телефонскиот разговор, Калин и Мекмастер се осврнаа на операцијата „Маслинова гранка" која Турција ја покрена во рамките на меѓународното право, да ја заштити својата безбедност и да му помогне на народот на Aфрин, во борбата против ПЈД/ЈПГ, ПКК, ДЕАШ и другите терористички организации, како и политичкиот транзициски процес во Сирија.
Во разговорот беше повторено дека САД нема да ги вооружува терористичка организација ПЈД/ПКК во Сирија, како и дека е неопходно да се земе в предвид легитимната загриженост на Турција за безбедноста на јужната граница.
Исто така, беше услогласено двете земји да бидат во блиска координација за да не дојде до погрешки чекори, а беше истакната и важноста на јакнењето на односите на двата НАТО сојузници, кои ќе се темелат на заедничките интереси и меѓусебно почитување.