Admir Fazlagic
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Собранието на Република Македонија со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за употреба ја јазиците, без амандманска расправа, јавува Anadolu Agency (AA).
На гласањето му претходеше напната ситуација во Собранието. Претседателот на Собранието Џафери не дозволи дебата за над 35.000 амандмани поднесени од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, при што поранешниот претседател на партијата Никола Груевски и неговите сопартици бараа процедурално да се обратат.
По кратка пауза од 15 минути, пратениците се вратија во салата и гласаа Законот за употреба на јазиците.
Додека траеше парламентаната седница, пред Собранието на Република Македонија се собраа десетици граѓани за да го изразат нивниот револт против Законот за јазиците, а пред собраниската зграда се присутни полициски сили.
Потсетуваме, на 11 јануари оваа година Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за употреба на јазици, но претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на 17 јануари донесе одлука да не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците. Потоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, до Собранието поднесоа 35.569 амандмани, со кои сакаат да докажат дека овој закон е противуставен и дека треба да се повлече.
Според законот, се предвидува во сите државни органи на Република Македонија, покрај македонскиот јазик, официјален јазик да биде и јазикот кој го говорат 20 отсто од граѓаните во Македонија и неговото писмо, во случајот албанскиот јазик.