Saimir Alija
20 Декември 2018•Ажурирај: 21 Декември 2018
ТИРАНА (АА) - Денешната седница во Собранието на Албанија започна со тензии. Премиерот на земјата, Еди Рама, е погоден со јајце од страна на еден пратеник од опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
По започнувањето на седницата обраќање имаше премиерот Рама, кој на почетокот од својот говор во Собранието, на говорницата, беше погоден со јајце и со други предмети од страна на пратеникот од Демократската партија на Албанија (ПД), Ендри Хаса.
По тензиите интервенираше вработен на собраниското обезбедување, заштитувајќи го премиерот Рама.
По настанатата тензија, претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи, ја прекина седницата, и побара отстранување на пратеникот Ендри Хаса од Собранието во рок од 10 работни дена.
На денешната седница учествуваа и пратениците од опозициските партии, Демократската партија на Албанија и Социјалистичкото движење за интеграција, по неколкумесечниот бојкот на Собранието на Албанија, кога не учествуваа на седниците на оваа сесија која започна во септември.
Дел од дискусиите на денешната седница се некои нацрт-закони, вклучувајќи го и Нацрт-законот за ратификација на Договорот за соработка меѓу Република Албанија и „Eurojust“.
Во меѓувреме, пред Собранието на Албанија се одржува протестот на студентите од државните универзитети, поддржан и од граѓани.