Önder Felek
06 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг, најави дека е извршена обдукција врз телата на тројца загинати во нападот со хемиско оружје во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
„Утврдено е дека во нападот е употребено хемиско оружје. Обдукциите на жртвите се извршени во присуство на претставници на Светската здравствена организација и Организацијата на ОН за забрана на хемиското оружје. И од научното испитување е утврдено дека Асад употребил хемиско оружје“, рече Бекир Боздаг, министерот за правда на Турција.
Обдукциите се направени во турскиот град Адана.
Во нападот во вторникот, во кој силите на режимот на Асад употребија хемиско оружје во Идлиб загинаа повеќе од 100, а беа повредени над 500 цивили. Меѓу жртвите има голем бројот деца и жени.