Турција

Ердоган: „Никој нека не си игра со Турција“

Турскиот претседател Ердоган се обрати на насобраните граѓани на градскиот плоштад во источниот турски град Ерзурум, при што се осврна на актуелните случувања

İlkay Güder  | 26.05.2018 - Обновена : 28.05.2018
Ердоган: „Никој нека не си игра со Турција“ Raşit Aydoğan/AA

Erzurum

ЕРЗУРУМ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше денес европските земји кои забранија собир на членовите и симпатизерите на АК Партијата, а истовремено им дозволија на терористите да држат митинзи по европските плоштади, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган се обрати на насобраните граѓани на градскиот плоштад во источниот турски град Ерзурум, а во оваа пригода се осврна на актуелните случувања.

„Земјите кои им дозволуваат на терористите на ПКК, ЈПГ, ПЈД, ХДП да одржуваат митинзи по плоштадите на Европа, не ѝ го дозволуваат тоа на АК Партијата, ги затвораат салите. Без разлика дали тоа го сакате или не, БиХ доволно ви покажа. Моментално сме во Ерзурум, тоа ви е доволно“, порача Ердоган.

Потсетувајќи дека во Турција на 24 јуни ќе се одржат парламентарни и претседателски избори, Ердоган изјави дека сега е време за единство, време за Турција. Тој додаде дека одредено „каматно лоби“ се обидува да врши притисок на Турција, и порача дека таквите напори ќе бидат залудни.

Ердоган се осврна и на успешната борба на Турција против тероризмот, и истакна дека никој не треба да си игра со Турција, во спротивно, исто како и терористите, ќе мора да бара дупка за сокривање.

„Познато е што им направивме на терористичките организации. Никој нека не си игра со нас. Оние кои ќе си поиграат со нас, исто како и терористите на ПКК, ПЈД, ДЕАШ и ФЕТО, ќе мораат да бараат дупка за да се сокријат“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека во сирискиот град Африн досега биле неутрализирани 4.475 терорсти, во северниот дел на Ирак, 414, а во границите на Турција биле неутрализирани 398 терористи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın