Ekipa
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
АНКАРА (АА) - За фотографиите од настаните што ја одбележаа 2020 година низ објективот на Агенција Анадолија (АА) ќе може да се гласа од утре во 09:00 часот по локално време.
На гласањето ќе биде избрана „Фотографија на годината“ во три категории, од фотографиите што ги направија фоторепортерите и репортерите на АА во Турција и низ светот.
Агенција Анадолија (АА) за прв пат го организираше гласањето за „Фотографија на годината“ во 2012 година. Оваа година ќе се гласа за избраните 76 фотографии во категориите „вести“, „живот“ и „спорт“, од вкупно 750 илјади фотографии што се направени во Турција, Кина, Чиле, Либан, Иран, Сирија, Грција, Шкотска, Русија, САД, Франција, Либија, Индија, Колумбија, Палестина, Азербејџан, Ирак, Босна и Херцеговина, Филипини, Саудиска Арабија, Тајланд и Бразил.
Во гласањето секоја година учествува претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, министри, политичари, бирократи, спортисти и голем број уметници. За традиционалната „Фотографија на годината“ оваа година во категоријата „вести“ ќе се натпреваруваат 31 фотографија, во категоријата „живот“ 30, додека во категоријата „спорт“ 15 фотографии.
Минатата година, за „Фотографија на годината“ гласаа 279 илјади луѓе. Гласањето ќе трае до 31 декември, а ќе може да се гласа на следните веб-адреси: „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“.