култура и уметност

Започна гласањето за традиционалната награда „Фотографија на годината“ на АА

За „Фотографија на годината“ оваа година во категоријата „вести“ ќе се натпреваруваат 31 фотографија, во категоријата „живот“ 30, додека во категоријата „спорт“ 15 фотографии

Ekipa  | 01.12.2020 - Обновена : 01.01.2021
Започна гласањето за традиционалната награда „Фотографија на годината“ на АА

АНКАРА (АА) – Започна гласањето за фотографиите од настаните што ја одбележаа 2020 година низ објективот на Агенција Анадолија (АА).

На гласањето ќе биде избрана „Фотографија на годината“ во три категории, од фотографиите што ги направија фоторепортерите и репортерите на АА во Турција и низ светот.

Агенција Анадолија (АА) за прв пат го организираше гласањето за „Фотографија на годината“ во 2012 година. Оваа година ќе се гласа за избраните 76 фотографии во категориите „вести“, „живот“ и „спорт“, од вкупно 750 илјади фотографии што се направени во Турција, Кина, Чиле, Либан, Иран, Сирија, Грција, Шкотска, Русија, САД, Франција, Либија, Индија, Колумбија, Палестина, Азербејџан, Ирак, Босна и Херцеговина, Филипини, Саудиска Арабија, Тајланд и Бразил.

За традиционалната „Фотографија на годината“ оваа година во категоријата „вести“ ќе се натпреваруваат 31 фотографија, во категоријата „живот“ 30, додека во категоријата „спорт“ 15 фотографии.

Минатата година, за „Фотографијата на годината“ гласаа 279 илјади луѓе. Гласањето ќе трае до 31 декември, а ќе може да се гласа на следните веб-адреси: „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.