култура и уметност

Во Скопје се одржа Меѓународниот фестивал на турската поезија „Јахја Кемал Бејатли"

„Ние на Турција и дадовме двајца Кемали, едниот Мустафа Кемал, другиот Јахја Кемал. И двајцата се од нашата земја. Овде се присетуваме на Јахја Кемал, еден од двете личности кои ја украсија Турција“, рече Мурат.

Seyyid Emin  | 02.12.2020 - Обновена : 03.12.2020
Во Скопје се одржа Меѓународниот фестивал на турската поезија „Јахја Кемал Бејатли" ( Foto: Seyyid Emin - Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

По повод 136. годишнина на раѓањето на поетот Јахја Ќемал Бејатли, во во Скопје се одржа манифестацијата „6. Меѓународен фестивал на турска поезија Јахја Ќемал Бејатли“, јавува Агенција Анадолија (АА).

На програмата организирана од страна на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ) со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, присуствуваа претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат; претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин; претседателот на управниот одбор на Халкбанк Скопје, Билал Суџубаши; директорот на Институтот Јунус Емре во Скопје, Серхат Кула; директорот на Фондацијата Маариф во Северна Македонија, Мустафа Дилиоглу; претседателот на здружението Енсар, Сулејман Баки, како и поети, љубители на литературата од Северна Македонија, Турција, Азербејџан, Бугарија, Косово и туркменскиот регион Бајирбуџак.

Претседателот на Уставниот суд, Мурат, нагласи дека Јахја Кемал е поет кој Скопје најдобро им го опишува на Турција и туркофонскиот свет.

„Ние на Турција и дадовме двајца Кемали, едниот Мустафа Кемал, другиот Јахја Кемал. И двајцата се од нашата земја. Овде се присетуваме на Јахја Кемал, еден од двете личности кои ја украсија Турција“, рече Мурат.

Претседателот на МАТУСИТЕБ; Емин, истакна дека не успеале да го организираат фестивалот за поезија како што планирале поради пандемијата на Ковид-19, но дека важни поети од туркофонскиот свет учествувале на овој фестивал.

Емин рече дека целта на оваа организација е да се сеќава и разбере Јахја Кемал во неговото родно место, Скопје.

„За нас е чест да се сеќаваме на Јахја Кемал Бејатли во Скопје на начин да го пренесеме до новите генерации, и да го разбереме", истакна Емин, додавајќи дека во наредниет години, по надминување на пандемијата на коронавирусот, очекува подобра организација на оваа манифестација.

Емин рече дек програмата се организираше со ограничено учество поради пандемијата и во согласност со мерките против Ковид-19, но е емитувана во живо на социјалните мрежи.

Исто така, во рамките на оваа програма свои обраќања имаа и различни поканети гости, како Џенгизхан Оракчи од Турција, Адил Шан од туркменскиот регион Бајирбуџак, кој воедно е актер во филмот „Дирилиш Ертугрул“, Рамил Ахмед од Азербејџан и Лејла Шериф Емин од Северна Македонија.

Покрај физичкото учество на поети од Северна Македонија, Турција, Азербејџан, Бугарија, Косово, и туркменскиот регион Бајирбуџак, поети од Источен Туркистан, Киргистан, Романија, Гагаузија и Босна и Херцеговина ги читаа своите поезии онлајн.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.