Турција, култура и уметност

„Нетфликс“ ќе отвори канцеларија во Истанбул во 2021 година

- Платформата „Нетфликс“ за гледање серии и филмови преку интернет денеска соопшти дека до втората половина на 2021 година ќе отвори канцеларија во Истанбул

Tuba Şahin  | 03.12.2020 - Обновена : 04.12.2020
„Нетфликс“ ќе отвори канцеларија во Истанбул во 2021 година

АНКАРА 

Платформата „Нетфликс“ за гледање серии и филмови преку интернет денеска соопшти дека до втората половина на 2021 година ќе отвори канцеларија во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, го поздрави ваквиот чекор, при што рече дека филмската и телевизиската индустрија станаа клучна алатка за промоција и културна дипломатија, како и за економски придонес кон земјата.

„Фактот што турски серии и филмови можат да се следат во 190 земји ќе помогне во развојот на филмскиот туризам во земјата“, рече Ерсој.

Коосновачот и коизвршен директор на „Нетфликс“, Рид Хејстингс, изјави дека одлуката јасно ја покажува посветеноста на компанијата кон Турција.

„Овој потег ќе придонесе во продукцијата на турски филмови од страна на „Нетфликс“, кои ќе можат да бидат гледани низ целиот свет“, нагласи Хејстингс.

„Турција, со својата богата култура и длабоковкоренета традиција на раскажување приказни е многу вредна за нас. Затоа, горди сме што ќе отвориме канцеларија во прекрасниот Истанбул“, рече тој.

Пелин Дишташ, директорката за оригиналната содржина на „Нетфликс“ за Турција, рече: „Нашата возбуда да раскажуваме фасцинантни приказни за Турција ни дава сила за нашите идни инвестиции.“

Во земјите кои најмногу ја гледаат оригиналната и лиценцирана турска продукција на „Нетфликс“, спаѓаат САД, Аргентина, Австралија, Велика Британија, Бразил, Франција, Индија, Шпанија, Италија, Канада, Колумбија, Мексико, Полска, Саудиска Арабија и Чиле.

Во текот на изминатите години, турските телевизиски серии се дел од дипломатијата на Турција со серии кои уживаат огромна популарност низ светот, од Пакистан до Јужна Америка.

„Атије“, „Бехзат Ч“ и „Етос (Ethos)“ се едни од популарните турски серии на „Нетфликс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.