Hale Aydoğmuş
08 Август 2022•Ажурирај: 19 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Организацијата на азиско-пацифички новински агенции (OANA) ѝ додели на Агенција Анадолија награда за „Извонредност на квалитет за 2020-2021 година“ за проектот Платформа за животна средина.
Генералниот секретар на ОАНА, Ли Џун-Сеунг, објави дека добиле пет апликации за иновативност и лидерски проекти во брзо менување на глобалното медиумско опкружување.
„Од срце честитам на Агенција Анадолија“, наведе тој.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи од 23 до 26 ноември на сесијата на Генералното собрание на ОАНА во Техеран, главниот град на Иран.
ОАНА има 44 новински агенции од 35 земји во азискиот регион, а е основана во 1961 година за размена на информации и искуства.
Наградата за извонредност се доделува од 2013 година, а за време на периодот 2019-2020 година наградата ѝ беше доделена на новинската агенција ТАСС.
Платформата за животна средина на АА започна со работа на 1 април 2022 година, а воедно е и прва од ваков вид во Туркије.
Агенција Анадолија има за цел да стане водечка новинска агенција кога е во прашање светот на заштитата на животната средина, а оваа платформа секојдневно објавува посебни карактеристики, документи и анализи поврзани со животната средина.
Седиштето е во Истанбул, а се споделуваат теми поврзани со климатските промени, глобалното затоплување, загадувањето, рециклирањето, одржливоста, зелената енергија и слично.