Ruslan Rehimov
18 Ноември 2016•Ажурирај: 19 Ноември 2016
БАКУ (АА) – Азербејџанската новинска агенција (АЗЕРТАК) го презеде претседателството на Асоцијацијата на азиско-пацифичките новински агенции (ОАНА), јавува Anadolu Agency (AA).
Генералното собрание на ОАНА се одржа во Баку. На состанокот на кој Anadolu Agency (AA) беше претставувана од помошникот генерален директор, Мустафа Озкаја, присуствуваа повеќе од 80 претставници од 40 новински агенции.
На овој состанок се избираше претседателството и управниот одбор. АЗЕРТАК го презеде претседателството на ОАНА за следните три години, а исто така, ја презеде и функцијата генерален секретар.
Руската новинска агенција ТАСС е избрана за агенција помошник-претседател, а беше одлучено со своите функции како помошници претседателски агенции да продолжат и АА, кинеската Синхуа и јужнокорејската Јонхап.
Управувањето со интернет-страницата и другите институционални теми ги презеде АЗЕРТАК.
За членови на управниот одбор на ОАНА беа избрани иранската новинска агенција ИРНА, бахреинската БНА, виетнамската ВНА, либанската ННА, австралиската ААП, јапонската Кјодо, индиската ПТИ и малезиската Бернама.
По преземањето на претседателството, генералниот директор на АЗЕРТАК, Аслан Асланов одржа говор во кој им се заблагодари на сите новински агенции за покажаната доверба.
Тој рече дека ќе вложат напори за развој на ОАНА, како и дека ќе го активираат веб-сајтот на интернет. „За време на нашето претседателствување ќе посветиме внимание на секоја агенција.
Ќе работиме во насока на формирање заедничка и корисна соработка и ќе вложиме напор во развојот на споделувањето искуства меѓу агенциите“, истакна Асланов.
Исто така, АЗЕРТАК вчера го презеде претседателството на Конгресот на светските новински агенции.