свет

Агенциите покажаа голем интерес за работа на АА во борбата против црната пропаганда кон Турција

- Новинската агенција на Јужна Кореја „Јонхап“ е домаќин на 17. Состанок на Генералното собрание на Азиско-пацифичката асоцијација на новински агенции (OANA) во главниот град Сеул. На состанокот учествуваат 44 членки на ОАНА од вкупно 35 земји

Ahmet Furkan Mercan  | 07.11.2019 - Обновена : 09.11.2019
Агенциите покажаа голем интерес за работа на АА во борбата против црната пропаганда кон Турција

Ankara

АНКАРА

На 17. Состанок на Генералното собрание на Азиско-пацифичката асоцијација на новински агенции (OANA), што се одржува во Јужна Кореја, беше претставено како Anadolu Agency (AA) посветено работеше против црната пропаганда и дезинформациите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, која при дезинформирањето ги користеше фотографиите на АА.

Новинската агенција на Јужна Кореја „Јонхап“ е домаќин на 17. Состанок на Генералното собрание на Азиско-пацифичката асоцијација на новински агенции (OANA), што се одржува во главниот град Сеул. На состанокот учествуваат 44 членки на ОАНА од вкупно 35 земји.

На Генералното собрание како набљудувачи присуствуваат и Светскиот конгрес за новински агенции (NAWC), Здружението на новински агенции од Медитеранот (AMAN) и Атлантската федерација на африканските агенции (FAAPA).

На состанокот од АА присуствуваат заменик-претседателот на Управниот одбор, Мухамед Салих Демиркан и заменик-генералниот директор Мустафа Озкаја.


- Посветената работа на АА против терористичката организација

Заменик-генералниот директор Озкаја, во рамките на состанокот на кој се претставуваа извештаите од земјата, се осврна на посветената работа на АА во борбата против лажните вести.

Озкаја во своето обраќање зборуваше за дезинформациите и црната пропаганда на терористичката организација ЈПГ/ПКК за време на операцијата „Извор на мирот“ и како Anadolu Agency (AA) посветено работела на тоа тие дезинформации да бидат неуспешни.


- „Јонхап“ - претседавач на ОАНА

На Генералното собрание, претседателството на ОАНА во наредните три години ќе биде пренесено во „Јонхап“ од Азербејџанската официјална новинска агенција (AZERTAC). Исто така, на Генералното собрание ќе биде избран Управниот одбор на ОАНА за периодот 2019-2022 година и претседавачот на ОАНА за 2022-2025 година.

Во рамките на Генералното собрание ќе се одржи и конференција на тема: „Новите предизвици во новинарството: Технолошки иновации и проблемите со довербата.“ На конференцијата ќе учествуваат претставници од меѓународните медиуми и академскиот свет.

Генералното собрание ќе трае три дена.


- „Леќите ја кажуваат вистината“

Во рамките на Генералното собрание, „Јонхап“ организираше изложба на фотографии под наслов „Леќите ја кажуваат вистината“. На изложбата беа претставени фотографиите од категориите вести, култура, живот и пејзажи, испратени од 44 новински агенции членки на ОАНА.

Фотографиите на АА со фокус на луѓето и обичните човечки емоции беа едни од најпосетуваните во изложбата.

Азиско-пацифичката асоцијација на новински агенции ОАНА е основана во 1961 година, на иницијатива на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (UNESCO) за да обезбеди директна и бесплатна размена на вести меѓу новинските агенции, во областа која зафаќа половина од светското население.

Агенцијата „Анадолу“ во ОАНА се приклучи во 1978 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.