Ekipa
18 Ноември 2016•Ажурирај: 19 Ноември 2016
МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја работи на развивање на ново оружје за да се обезбеди стратешка рамнотежа, јавува Anadolu Agency (AA).
Обраќајќи се пред воените лидери и произведувачи на оружје денес во Сочи, Путин нагласи дека Русија, како и другите нации, работи на највисоко ниво во развојот на технологијата на оружјето, вклучувајќи и ласерско, хиперсонично и роботско оружје.
Путин не напомена конкретни програми за вооружување, но официјалните воени лица рекоа дека Русија развива нови боеви глави за своите балистички ракети, кои би биле во состојба да ја избегнат непријателската одбрана, со остри маневри на патот до целта.
Кремљ ја продолжи сеопфатната модернизација на воената индустрија дури и кога руската економија влезе во рецесија.