Selen Temizer,Halit Süleyman
18 Ноември 2016•Ажурирај: 19 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушните напади извршени во последните 72 часа на подрачјето на сирискиот Алепо загинаа 106 а ранети се 190 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите на подрачјата кои се под контрола на опозицијата ги извршуваат воените авиони на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Службеник на цивилната заштита во Алепо, Неџип Енсари, изјави дека источниот дел на Алепо е под воздушни напади во кои се користат различни бомби со разорна моќ.
Од утринава на овие подрачја загинаа 12 цивили, а 40 се ранети. На тој начин бројот на мртвите во последните 72 часа е зголемен на 106, а на ранетите на 190.
Околу 300,000 цивили на источниот дел од Алепо од 4. септември се наоѓаат под окупација на режимските сили.