свет

Кремљ ја истакна важната улога на турскиот претседател Ердоган во преговорите со Украина

„Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, одигра прилично голема улога во подготвувањето многу добри услови за преговорите меѓу руската и украинската делегација. Претседателот Ердоган исто така прави напори да се иницира мировен процес.“

Emre Gürkan Abay  | 08.08.2022 - Обновена : 10.08.2022
Кремљ ја истакна важната улога на турскиот претседател Ердоган во преговорите со Украина

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Туркије (Турција) игра важна улога во преговорите меѓу Русија и Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за медиумите во главниот град Москва, Песков се осврна на различни прашања.

Оценувајќи ја понудата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да се одржи средба во Истанбул меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски, Песков рече: „Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, одигра прилично голема улога во подготвувањето многу добри услови за преговорите меѓу руската и украинската делегација. Претседателот Ердоган исто така прави напори да се иницира мировен процес.“

Нагласувајќи дека Туркије покажала и политичка волја за да иницира таков процес, Песков рече: „Но, украинската делегација речиси исчезна од радарот. Во моментов нема никаков преговарачки процес.“

Осврнувајќи се на трговијата со национални валути, што се очекува да се зголеми меѓу Туркије и Русија, Песков рече дека овој чекор не е направен за да му наштети на некого, вклучително и на доларот.

Песков, посочувајќи дека доларот не е сигурна резервна валута, додаде: „Оваа загриженост сега ја делат многу земји. За жал, земјата што го печати доларот ја разниша довербата во оваа валута.“

Наведувајќи дека многу земји сакаат да го намалат уделот на доларот во трговијата и да го зголемат уделот на своите национални валути, Песков подвлече: „Истото се случува и во нашите односи со Туркије. Постигнавме важен договор во Истанбул дел од снабдувањето со гас да се плаќа во рубли. Се надеваме дека учеството на националните валути ќе продолжи да се зголемува.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.