свет

Потпретседателот на Индонезија Амин учествуваше на гласањето на АА за „Фотографии на годината“

- Потпретседателот на Индонезија, Маруф Амин: „Информациите што ги пренесува АА придонесуваат во зближувањето на народите на Индонезија и Турција и во зголемувањето на соработката“

Mahmut Atanur  | 05.12.2019 - Обновена : 06.12.2019
Потпретседателот на Индонезија Амин учествуваше на гласањето на АА за „Фотографии на годината“ Foto: Anton Raharjo / AA

ЏАКАРТА

Потпретседателот на Индонезија, Маруф Амин, учествуваше на гласањето за „Фотографии на годината“ на Агенција Анадолија (АА).

Амин, разгледувајќи ги фотографиите направени од репортерите и фоторепортерите на Агенција Анадолија (АА) во Турција и во странство, во категоријата „Вести“ гласаше за фотографијата насловена како „Големиот марш на враќање“.

Тој со изборот на таа фотографија посака мир за Палестина и палестинскиот народ и ѝ се заблагодари на Агенцијата Анадолија (АА) што му даде можност да учествува во гласањето за „Фотографии на годината“.

Потпретседателот Амин, истакнувајќи го значењето на отворањето на канцеларијата на Агенција Анадолија (АА) во Џакарта, рече: „АА директно го пренесува развојот на настаните во двете држави. Информациите што ги пренесува АА придонесуваат во зближувањето на народите на Индонезија и Турција и во зголемувањето на соработката.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.