Behlül Çetinkaya
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
ИСЛАМАБАД
Пакистанскиот премиер, Имран Кан, од државната телевизија „ПТВ“ побара да ја емитува турската серија „Будење Ертугрул“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за „Араб њуз“ (Arab News), министерот за радиодифузија и информации на Пакистан, Фирдевс Ашик Аван, истакна дека премиерот Кан од државната телевизија „ПТВ“ побарал да ја емитува турската серија „Будење Ертугрул“, со цел да се заштитат социјалните, културните и религиозните вредности.
Аван рече дека серијата, која ќе биде прикажана на „ПТВ“ со синхронизација на јазикот урду, ќе придонесе младите да ја разберат исламската историја.
„Ние сè уште ги гледаме сериите од Запад, иако муслиманскиот свет има свои вредности и своја историја“, нагласи Аван.
Тој истакна дека на состанокот на Организацијата за исламска соработка (İİT) се дискутирало за соработка во областа на медиумите, со цел развој на социјалните и културните односи помеѓу членовите.
Аван, исто така, рече дека содржините на телевизијата и кината се ефикасни методи во борбата против исламофобијата.
„ПТВ го доби правото на емитување на серијата во Пакистан на јазикот урду. Сега се синхронизира. Внимателно ги избираме актерите што ги позајмуваат гласовите за да имаме што поголем број гледачи“, рече Шазија Сикандар, директор за меѓународни односи на телевизијата „ПТВ“.