Ahmet Furkan Mercan
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
ТОКИО (АА) - Јапонската медицинска федерација (JMA) наведе дека земјата од октомври ја зафатил третиот бран на новиот вид на коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на нови случаи на Ковид-19 е во пораст од октомври, повторно имаме пораст, по што можеме да кажеме дека постои можност да е во прашање трет бран“, појасни директорот на Јапонската медицинска федерација Накагава Тошио.
Тој го сврте вниманието на значењето на здравствениот систем.
„Ако продолжи растот на овој начин, здравствениот систем ќе биде во тешка ситуација. Ковид-19 треба што побрзо да се стави под контрола“, порача Тошио.
Во Јапонија бројот на заразени со Ковид-19 е зголемен на 112.880, а бројот на починати од последиците на вирусот на 1.876.