Emel Gözellik
12 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
АНКАРА
Загина новинар како резултат на експлозија на бомба поставена во автомобил во провинцијата Хелманд во јужен Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информацијата објавена во „Tolo News“, портпаролот на гувернерството на Хелманд, Омер Зувак, изјави дека Илјас Даји кој работел како дописник во „Радио Азади“, починал како резултат на експлозија на бомба поставена во неговото возило.
Наведувајќи дека нападот е извршен во градот Лешгаргах, Зувак истакна дека во возилото на Даји се повредени три лица, од кои едното е дете.
Сами Мехди, уредникот на вести на „Радио Азади“, на својот профил на Твитер истакна: „Мојот колега и мојот близок пријател Илјас Даји утрово почина во терористички напад. Навистина многу тажен настан. Тебе никогаш нема да те заборавиме“
Засега никој не презеде одговорност за нападот.