Talha Yavuz
12 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
КИЕВ
Лекувањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој е заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19), продолжува во болница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку изјава за „Украинскаја правда" (Ukrainskaya Pravda) ја потврди Михаил Подолјак, еден од советниците во претседателскиот кабинет на Украина.
Подолјак рече дека лекувањето на Зеленски и на шефот на кабинетот на украинското Претседателство, Андриј Јермак, продолжува во болница.
Како што рече тој, се применува строг протокол и дека никој не се дозволува да се доближува до Зеленски и Јермак.
Исто така, Подолјак информираше дека Зеленски престојува во една специјална соба која е опремена со техничка опрема со цел да може да одржува онлајн состаноци.
Потсетуваме, украинскиот претседател Владимир Зеленски на 9 ноември соопшти дека е позитивен на Ковид-19.