Ahmet Furkan Mercan
21 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
ТОКИО (АА) - Јапонија ја одобри вакцинацијата за заштита од Ковид-19 со вакцината на „Фајзер“ кај децата на возраст од 5 до 11 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на оваа земја даде одобрение за администрирање на вакцината за заштита од Ковид-19 кај децата на оваа возраст.
Оваа вакцина веќе се администрира кај децата над 12-годишна возраст.
Новинската агенција „Кјодо“ соопшти дека вакцинацијата е одобрена и за децата на возраст од 5 до 11 години.
Се истакнува дека вакцинацијата во првата фаза ќе опфати 8 милиони деца.
Инаку, „Фајзер“ во ноември 2021 година аплицираше за дозвола за вакцинација на децата на возраст од 5 до 11 години во Јапонија.