Şenhan Bolelli
21 Јануари 2022•Ажурирај: 22 Јануари 2022
МАДРИД (АА) - Шпанија испраќа два воени брода во Црното Море, порано од планираното за вежба на НАТО, соопшти министерката за одбрана, Маргарита Роблес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Роблес на новинарите им рече дека „Блас де Лезо“ и „Метеоро“ ќе пристигнат во рок од три или четири дена.
Таа рече дека Шпанија исто така размислува да распореди борбени авиони во Бугарија како дел од плановите на НАТО да ја одврати Русија од инвазијата на Украина.
Роблес истакна дека Шпанија претпочита примена на дипломатијата за решавање на конфликтот помеѓу двете земји.
„Русија на ниту една земја не може да ѝ каже што треба да направи и НАТО ќе ја брани секоја земја која сака да ѝ се приклучи на Алијансата“, додаде таа.