Bayram Altuğ
04 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, најави дека повторно ќе биде тестиран лекот хидроксихлорокин, кој претходно се користеше за лекување на заболени од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (AA).
Потсетувајќи дека употребата на тој лек неодамна беше прекината поради сомнение дека претставува ризик по безбедноста, Гебрејесус рече дека тоа било превентивна мерка, но дека надлежните комисии го ревидирале случајот и заклучиле дека нема причина за откажување од неговата употреба.
Тој укажа дека тестирањето на хидроксихлорокин ќе биде под строг надзор, и дека за тест-терапија веќе се пријавиле над 3.500 пациенти од 35 држави.
Челникот на СЗО денеска во Женева рече и дека организацијата е загрижена поради брзото ширење на коронавирусот во земјите од Латинска Америка.
Тој рече дека вирусот се шири на Медитеранот, Југоисточна Азија и Африка, но дека тоа не е на ниво на коешто се шири во Латинска Америка.
„Во Европа, пак, имаме тренд на намалување на новозаразените лица. „Вчера имавме најмал број на новозаразени во Европа од 22 март“, рече Гебрејесус.