Ayhan Mehmet
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
АТИНА (АА) – Во Атина, главниот град на Грција, се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестите започнати во знак на искажување незадоволство поради полициското насилство и смртта на Џорџ Флојд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со повикот на различни левичарски групи, околу 3 илјади луѓе се собраа на плоштадот „Синтагма“, каде што се наоѓа и зградата на Парламентот.
Извикувајќи антиамерикански пароли, демонстрантите се движеа кон американската Амбасада во Атина.
Протестантите носеа плакати испишани со паролите „Проклета да си Америка“, „Америка не си сакана во Грција“. На крајот на демонстрациите некои маскирани групи со молотови коктели и камења ја нападна полицијата која имаше преземено безбедносни мерки пред Амбасадата.
Полицијата на демонстрантите им одговори со солзавец.
Во инцидентите приведени се 7 демонстранти.