свет, Коронавирус

Бразил ќе учествува во тестирањето на вакцината за Ковид-19 што ја разви Универзитетот „Оксфорд“

Бразил ќе биде првата земја во која ќе биде тестирана вакцината, надвор од Велика Британија

Muhammed Emin Canik  | 04.06.2020 - Обновена : 06.06.2020
Бразил ќе учествува во тестирањето на вакцината за Ковид-19 што ја разви Универзитетот „Оксфорд“

БУЕНОС АИРЕС (АА) - Вакцината против Ковид-19 што ja разви Универзитетот „Оксфорд“ ќе биде тестирана во Бразил, втора земја во светот по бројот на регистрирани случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во информацијата на бразилскиот портал „Г1“ се наведува дека 2.000 Бразилци ќе учествуваат во фазата на тестирање на вакцината што ја разви „Оксфорд“ и дека Бразил ќе биде првата земја во која ќе биде тестирана вакцината, надвор од Велика Британија.

Бразилската агенција за здравствен надзор (Anvisa), со поддршка на Министерството за здравство, под координација на Федералниот универзитет во Сао Паоло, ќе учествува во фазата на тестирање на вакцината со 2.000 доброволци, граѓани на Бразил.

Научничката Даниела Фереира, која е дел од проектот, истакна дека за да се добијат солидни резултати од тест фазата на вакцината не треба да се намалува бројот на случаи на вирусот во тоа место.

Истакнато е дека вакцината за првпат е тестирана на мајмуни во Велика Британија и дала позитивни резултати. Вакцината која започна да се тестира кај луѓето кон крајот на април дала позитивни резултати во 50 отсто од случаите, но тоа сè уште на гарантира дека вакцината е успешна.

- Вирусот досега е детектиран кај 555.383 лица -

Од Ковид-19 досега во Бразил починаа 31.199 лица, додека вирусот е дијагностициран кај 555.383 лица.

Во Бразил, епицентарот на епидемијата во Латинска Америка, претседателот Жаир Болсонаро е често е критикуван за потценување на вирусот и непреземање на потребните мерки против епидемијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.