Şenhan Bolelli
04 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
МАДРИД (АА) - Министерство за здравство на Шпанија ги соопшти бројките на починати и на новозаразени од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се истакнува дека во последните два дена не се регистрирани нови смртни случаи од Ковид-19 во земјата.
Исто така се наведува дека според PCR тестовите, во последните 24 часа се детектирани 219 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени изнесува 240.326.
Поради коронавирусот во земјата досега починаа вкупно 27.128 лица.
Од друга страна, вонредната состојба, која на сила во Шпанија е од 14 март, се очекува да биде продолжена до 21 јуни.
- Ситуацијата во Португалија -
Според португалската Влада, во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 починале 11 лица, со што вкупната бројка на починати е зголемен на 1.447.
Во земјата дијагностицирани се 366 нови случаи со Ковид-19 во последните 24 часа. Тоа е најголем регистриран број од 8 мај.
Досега вкупниот број на случаи со Ковид во земјата достигна 33.261.
Моментално на одделите за интензивна нега се наоѓаат 56 пациенти, додека бројот на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 достигна 20.079.
Фудбалските натпревари одложени поради Ковид-19 започнаа да се играат денес без публика.