Sinan Doğan
15 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
АНКАРА
Бројот на смртни случаи од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголемува во јужноамериканските земји Еквадор и Куба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Еквадор од Ковид-19 починаа 369 лица, додека бројот на смртни случаи на Куба изнесува 21.
Во соопштението на Министерството за здравство на Еквадор се вели дека во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 починале 14 лица. Заедно со последните бројки, во оваа земја како последица од заразеност од новиот тип каронавирус починале 369 лица, додека бројката на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 7.603.
- Во Куба бројот на заразени се искачи на 766
Министерството за здравство на Куба информираше дека пандемијата на новиот тип коронавирус досега била причина за смртта на 21 лице, додека бројот на детектирани случаи на Ковид-19 се искачил на 766.
Во исто време, бројот на лица кои се излекувале од Ковид-19 во Куба изнесува 132.