Mahmut Atanur
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
ЏАКАРТА
Индонезиската провинција Аче која се наоѓа на островот Суматра ја потресе земјотрес со интензитет од 5 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија информираше дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на отворено море, 66 километри југозападно од градот Мелабо во подрачјето на Западно Аче, на длабочина од 11 километри.
Агенцијата соопшти дека земјотресот се почувствувал и во Банда Аче, главниот град на провинцијата.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви и материјална штета предизвикана од земјотресот.